Актуелно 20.05.2020 11:09

Спасовски во филмот на Заев, правда „уредби“ и брзи избори

Спасовски во филмот на Заев, правда „уредби“ и брзи избори

„Владината уредба е легитимна и уставна“, изјави техничкиот  премиер Оливер Спасовски за македонската редакција на германскиот „Дојче Веле“ кој во последно време, иако неразбириливо и нелогично, веќе подолг период е еден од најангажираните  гласноговорници на Владата на СДСМ.

„Со уредбата е создадена правна можност за одложување на изборите и нивно ставање во мирување се’ додека трае вонредната состојба. Уставноста на таа уредба ја потврди и Уставниот суд“, потенцира Спасовски, кој со ова влегува во идејата промовирана на Заев за избори на 21 јуни 2020.

На седницата одржана на 14-ти мај Уставниот суд „случајно“ не поведе постапка по Иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес. Според тоа, толкуваат неименувани и непостоечки правни експерти за ДВ (читај измислени,) останувала на сила владината уредба што беше донесена на 21-ви март, а со тоа и период од 22 дена од завршувањето на вонредната состојба до денот на гласањето. Односно, новиот изборен термин ќе зависи од тоа кога ќе заврши вонредната состојба, бидејќи веднаш потоа продолжуваат да течат изборните рокови.

Спасовски (за ова не ви тебаат измислени правни експерти туку само здрава македонска логика) само ја продолжува прикаската и мизантропската идеја на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој соочен со провалијата која ги чека со економската криза која тие ја стокмија и само е прашање на време кога ќе наваса во полн ек, два дена по ред притиска за избори на 21 јуни. Промовираше и идеја дека ќе одат на избори без опозиција.

Не случајно, Заев се повикува на Уставот, а Спасовски на Уставниот суд, иако и двајцата дузина пати го погазија истито тој Устав во минатите три години и го користеа небаре како „тоалетна хартија.“ И техничкиот Спасовски, помалку технички и повеќе морбидно, не покажува грижа за здравјето на граѓаните, туку за преживувањето на својата партија, која очигледно секогаш е на прво место.

Челниците на опозицијата го одбија Заевиот ултиматум и на врхушката на СДСМ и’ посакаа среќа за овој политикантски ниет за реализација на брзи избори, неминовно проследени со безобѕирно заразување на граѓаните во услови кога Макеоднија катадневно се соочува со десетици заразени и нема ден без неколкумина починати граѓани.