Економија 19.06.2023 09:52

СПМ оценува дека економската состојба во Македонија се влошува на сметка на стандардот на граѓаните

СПМ оценува дека економската состојба во Македонија се влошува на сметка на стандардот на граѓаните

Опстојувањето на двоцифрената инфалција и натаму ги осиромашува граѓаните и ги обезвреднува нивните приходи и заштеди.

СДС и ДУИ со лошата и неправедна економска политка го зголемуваат бројот на социјални случаи и на лица кои едвај преживуваат со мнимални плати и пензии.

Мнозинството граѓани немаат доволно средства за егзистенција. Нивото на осиромашување на населението во држава со пазарен систем нема лимит.

Затоа минималните плати вршат демотивација на работниците, а се дерогира понудата и побарувачката на пазарот на труд.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека појавата на енормен раст на плати во македонската политичка елита, наспроти минимален раст на плати и пензии создава полазризација и станува извор на можни социјални конфликти. Минималниот раст на приходите и пензиите не ја покрива стапката на инфлацијата која е наметнат данок на приходите на населението.

Ниската стапка на раст на БДП не овозможува динамизам на социјалните промени. Двоцифрената инфлација не се намалува само со миксот на влијание од монетарната и фискалната политика.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека е неопходна стабилизациона макроекономска политика за да се спречи пауперизацијата и масовното иселување. Затоа е потребна итна смена на неуспешната и ненародна власт на СДС и ДУИ.

Новоизбраната власт мора да преземе конкретни мерки и политики од социјалната држава која ја има таа обврска за одржување на раст и стабилност но и на социјален мир и развој и повисок стандард на граѓаните.