Актуелно 23.01.2019 12:54

Според новиот закон за јазици, македонскиот јазик се става во нерамноправна положба во однос на албанскиот

Според новиот закон за јазици, македонскиот јазик се става во нерамноправна положба во однос на албанскиот

За нега на македонскиот јазик во државата се грижи владино советодавно тело „Совет за македонски јазик“ кое е составено од 8 члена и 1 претседател, и не одржува повеќе од 12 седници во текот на годината. Членовите во овој Совет не се вработени туку самата функција ја извршуваат за паушал од 3.000 денари.

Во „Агенцијата за албански јазик“ што треба да се формира според новиот Закон за јазици, членовите ќе бидат вработени, а нивниот број ќе биде поголем, бидејќи ќе има судски преведувачи, лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори.

Како вработена во „Институт за македонски јазик“ можам да ви кажам дека ние за 20 години подмладок имаме само еден вработен, минатата година кој е доктор на науки по македонски јазик. Во „Институт за македонски јазик“ кој некогаш броел 60-тина научни работници сега таа бројка е сведена на 24. Лекторатите по македонски јазик згаснуваат, одвај живеат, затоа што ние не можеме да најдеме лектор кој ќе го испратиме во странство да го шири македонскиот јазик со плата од 12.000 денари“ – изјави Елка Јачев Улчар, која е вработена во „Институт за македонски јазик“.

Во Македонија за да стане некој лектор по мајчиниот односно македонски јазик мора да има лиценца издадена од комисија во советот, а за албански јазик не треба лиценца. Казните според законот за македонски јазик се одредуваат по закон за прекршоци, додека казната за неупотреба на албанскиот јазик се од 4 до 5.000 евра.

За самото имплементирање на новиот Закон за јазици се предвидени милион и 700 илјади евра. Од кои 8 милиони денари месечно ќе бидат само за „Агенцијата за албански јазик“ сето ова според македонските лингвисти се става македонскиот јазик во нерамноправна положба во однос на албанскиот јазик.

„Во законот за употреба на македонски јазик воопшто не е предвидено посебно тело, инспекторат кој ќе врши инспекциски надзор дали се почитува законот за употреба на македонски јазик“ – појасни Елка Јачева Улчар.