Според податоците на Државниот завод за статистика, во II тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 957 471 лицe, од кои вработени се 755 073, а 202 398 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 44.9, додека стапката на невработеност изнесува 21.1.