Економија 25.09.2023 13:14

Србија го зголеми извозот, брашното годинава ќе оди за Унгарија и Словенија

Србија го зголеми извозот, брашното годинава ќе оди за Унгарија и Словенија

Србија го зголеми извозот на брашно во Европската Унија отворајќи два нови пазари.

Според податоците на тамошната мелничка индустрија, за 30% е зголемен извозот на брашно од Србија во јули и август.

-Новата економска година започна добро за мелничарската индустрија, бидејќи во текот на јули и август беа продадени за извоз 33.000 тони брашно, што е за 30 отсто повеќе од просечните меѓународни резултати од претходните години“, изјави Здравко Шајатовиќ од здружението на пекарската унија.

Тој информира и дека од годинава српското брашно се извезува во Унгарија и Словенија.