Актуелно 02.05.2019 09:47

Србија со пофалби од ММФ за намалување на долгот а Заев ја задолжува Македонија

Србија со пофалби од ММФ за намалување на долгот а Заев ја задолжува Македонија

Деновиве излезе информација дека Србија драстично го намалила својот долг. Имено, ММФ и Светска Банка според своите извештаи оценија дека Србија постигнала неверојатен резултат во однос на намалувањето на јавниот долг.

И додека соседните земји постигнуваат неверојатни резултати на економски план Македонија тапка во место. Според сите реномирани светски институции Македонија се наоѓа на дното во економијата како на Балканот така и во Европа. Исто така задолжувањата во Македонија вртоглаво растат. Задолжувањата во Македонија станаа секојдневие со што вкупните задолжувања само од почетокот на годината изнесуваат огромни 287, 4 милиони евра.

 

Ако се направи споредба со соседна Србија на која долгот изнесувал огромни 70 % од БДП за сега да  се намали на 50 %,  Владата на Република Македонија успеа да го зголеми долгот  кој моментално  ја надмина психолошката граница односно изнесува  над 50 %. Дополнително проценките се дека до 2021 година  јавниот долг ќе изнесува околу 53 % од БДП што според економистите е алармантно и опасно.

Инаку, Владата пред да  дојде на владејачката позиција континуирано ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг додека сега континуирано ги практикува.