Актуелно 18.10.2019 14:57

Средбата закажана: Лидерите на политичките партии во недела ќе седнат на иста маса

Средбата закажана: Лидерите на политичките партии во недела ќе седнат на иста маса

Претседателот на државата, Стево Пендаровски испратил покани до лидерите на политичките партии за средба во Вила Водно во недела.

На средбата биле повикани сите лидери на политички партии.

-Во овие моменти, најмалку што ни е потребно, е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени земји членки на Унијата и без потреба да ја трошиме енергијата во креирањето на политички тензии. Токму затоа, во името на нашата иднина ги повикав раководствата на најголемите политичките партии, за момент да ги остават настрана своите легитимни партиски интереси и сите заедно да ја реафирмираме нашата визија за иднината на земјата. За таа цел упатив покани за лидерска средба до претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата. Убеден сум дека токму сега е време да покажеме единство околу нашата стратешка ориентација, без разлика на легитимните политички разлики по многу прашања. Од сите поканети добив позитивен одговор и таа средба е веќе закажана за во недела на 20 октомври, истакна Пендаровски на прес-конференцијата и додаде:

„Сега не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за добивање на ситни дневно-политички поени. Сега е време за повторно обединување околу она што ни е најважно во Република Северна Македонија – нашата иднина и иднината на генерациите што доаѓаат.  Јас сум длабоко уверен дека само ако работиме заедно – ќе успееме“.