Живот 01.08.2018 14:43

Среде бел ден украле две круни на шведскиот крал

Среде бел ден украле две круни на шведскиот крал

Во Шведска во тек е потера по крадци кои во понеделникот среде бел ден успеале да украдат скапоцен кралски накит, по што побегнале со глисер.

Двајцата разбојници скокнале во глисер во близина на катедралата „Странгнас“ во југоисточниот дел на Шведска и побегнале со накит од 17. век. Укредени биле две круни од кралот Карл IX и кралицата Кристина и еден царски жезол, опковани со злато и скапоцени камења, чија вредност е непроценлива.

Полицијата започнала потрага по копно, море и воздух. Бродови, авиони, хеликоптери и автомобили тргнале во сите правци, но без резултат. Властите велат дека сé уште не знаат каде побегнале крадците.