Актуелно 23.02.2019 17:06

Стаменковска до Павле Богоевски: Доколку им давате на колегите од СДСМ да излегуваат од рамката на оваа дискусија, истото направете го и за колегите од ВМРО-ДПМНЕ

Стаменковска до Павле Богоевски: Доколку им давате на колегите од СДСМ да излегуваат од рамката на оваа дискусија, истото направете го и за колегите од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска остро му се спротистави на Павле Богоевски од СДСМ откако тој и забрани на процедурално прашање на денешната комисиска седница за мандатно-имунитетни прашања.

-Колега Павле, два дена овде дискутираме и се обидуваме да дискутираме и коментираме, во секој момент кога пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе малку повеќе од темата на дискусија вие го опоменувате што е коректно и во ред согласно процедурите на работа, но и вие како претседател на оваа комисија си земате за право да дискутирате за работи кои не се тема на дискусија и исто така дозволувате на другите колеги да го злоупотребат правото на процедурално барање и да зборат за работи кои што не се дел од процедурата. Ако имате намера да дозволувате сите колеги од СДСМ да излегуваат од рамките на оваа дискусија, тогаш дозволете и колегите од ВМРО-ДПМНЕ да си го кажат своето мислење за се она што си го мислат на оваа комисија, вели Стаменковска.

Таа додава дека ако тој има право да ги злоупотребува своите права како претседател на комисијата тогаш да тој да остави на некој друг да ја води комисијата.

-Ќе барам процедурално и ќе барам паузи се додека не се научите на ред како треба да зборуваме на оваа комисија, истакна Стаменковска.