Агенцијата „Стандард енд пурс“ (“Standard and Poor’s”) соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг ББ- на Македонија, исто како и минатата година.
„Стандард енд пурс“ наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку навременото имплементирање на реформите ја зајакне институционалната поставеност и ги подобри економските изгледи.
Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вонбуџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг.
Покрај Македонија, со ББ- се оценети и Бангладеш, Боливија, Грузија, Гватемала, Хондурас и Виетнам.