Родителството е многу одговорна работа. Многумина би рекле дека е најодговорна работа на светот.
Секој родител сака неговото дете да биде среќно и да го воспитува на најдобар можен начин.
Денес улогата на родителството толку многу е променета, што често е исполнета со анксиозност. Во книжарниците има цели оддели, кои зборуваат за тоа како да се биде добар родител, што врши дополнителен притисок.
Улогите на родителите и децата се сменија
Писателката Џенифер Сениор во нејзинот говор на конференција ТЕД објаснува зошто родителството денес е толку многу тешко – родителите се под поголем притисок, отколу што биле порано, а самото задоволство во бракот често се намалува. Зошто е тоа така? Сениор вели дека денеска не се проблем децата, туку родителите. Улогите на мајките и татковците се сменети, но исто така и на децата.
Таа појаснува дека првата работа која се променила е тоа што децата некогаш биле дел од работната сила. Во некои делови во светот се уште се. Сепак во западниот свет улогата на дете се промени. Порано родителите на децата им давале облека, храна и покрив над главата, додека тие за возврат им помагале на родители и работеле. Често пати во филмовите сме гледале како децата порано работеле на нива или продавале весници на улица.
Кога децата престанале да работат, вели Сениор, тие станале економски безвредни, но емоционално непроценливи. Секој родител денес сака да го подготви детето за иднината, а училиштето притоа не е доволно, ги запишуваат на разни вонучилишни активности како фудбал, музика, странски јазици…
Таа нагласува дека притоа родителите сами себе си си задаваат повеќе работа, затоа што и тие мораат да бидат вклучени во сето тоа, да ги носат на тренинг, да им ги прегледуваат домашните задачи…
Модерното родителство навистина е тешко, затоа што секој родител сака да го подготви детето за она што доаѓа. И тука се јавува проблем. Времињата многу брзо се менуваат што ниту еден родител не може да знае како светот ќе изгледа кога нивното дете ќе порасне. Ако не правиме се што е можно имаме чувство дека не правиме ништо, објаснува Сениор.
Друга причина зошто денес родителството е исполнето со толку многу анксиозност, додава таа, е тоа што улогата на родителите се променила, поточно, улогата на мајката и таткото.
Денес мајките поминуаат многу повеќе време со децата, отколу што тоа го правеле во 60-тите години, кога поголем број жени не биле во работен однос. Биле поставени некои норми за родителите – мажот заработува, додека жената се грижи за децата и домаќинството. Денес, кога двајцата родители заработуваат, такви норми повеќе не постојат и токму тоа често доведува до конфликти меѓу брачните другари, објаснува таа.
Жените се пооптоварени од порано. Имале само за задача да се грижат само околу домаќинството и семејството, денес и покрај сето тоа мораат и да работат. Да тоа доведе до поголема способност на жената за мултитаскинг, но тие воедно се и под поголем стрес. Мажите не се способни за таков мултитаскинг дома, вели Сениор.
Без оглед на тоа и улогата на мажот во семејството се промени. Денес мажот поминува повеќе време со детето, отколку што нивните татковци поминувале со нив, а и помагаат и во домот за што секоја жена е благодарна, додава таа.
Среќата на детето е недостижна цел
Без оглед на улогите и изменетите норми на родителството, секој родител ќе рече дека најважна цел е детето да биде среќно.
Иако среќата е убава цел за детето, таа е недостижна, рече Сениор и додаде дека среќата е нешто што ќе дојде како резултат на други работи, но не е и добра цел.
Надобро што може родителот да направи е да го научи детето да биде продуктивно и морално, а среќата ќе дојде како резултат на тоа, заклучува Џенифер Сениор.