Живот 07.06.2018 09:41

Старбакс кафе и во Србија

Старбакс кафе и во Србија

Најголемиот оператор на ресторани во Централна Европа, AmRest Holdings најави денес дека планира да отвори во Србија локали од синџирот на американската кафетерија Старбакс.

Во официјалната објава на компанијата AmRest е најавено доаѓање на познатиот синџир кафетерии во Србија.

Првиот Старбакс локал ќе биде отворен наскоро оваа година во Белград.

AmRest е водечки оператор на Старбакс кафе барови во регионот на Централна Европа, а Србија претставува уште еден пазар на кој оваа компанија го отвора првиот локал.

Адам Муларук, претседател за Старбакс во компанијата AmRest, изразил задоволство поради отворање на првиот локал, изјавил дека му е драго што низ отворање на првата кафетерија во Белград таа компанија ќе биде во ситуација на љубителите на кафе да им го понуди „единственото Старбакс искуство“.

Кој стои зад Старбакс во Србија?

Компанијата AmRest која првиот локал го отворила во Прага во 2008 година, сега има 300 Страбакс кафетерии во Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија. Старбакс е основан во 1971 година во Сиетл, САД, а има повеќе од 28 000 локали ширум светот и се смета за најголема светска компанија за продажба на специјални видови кафе.