Живот 18.10.2023 11:34

СТАРБАКС ВЛЕГУВА ВО ЦРНА ГОРА: Го носи турската компанија Зерен Холдин веќе следнава година

СТАРБАКС ВЛЕГУВА ВО ЦРНА ГОРА: Го носи турската компанија Зерен Холдин веќе следнава година

Првиот објект на познатиот американски ланец кафетерии Старбакс ќе биде отворен во Црна Гора на почетокот на следната година, беше соопштено на средбата на директорот на турската компанија Зерен Холдин Мустафа Џигит и премиерот Дритан Абазовиќ.

Компанијата Зерен Холдин ја изнајми франшизата на американскиот синџир. Владата на Црна Гора објави дека Џигит го информирал Абазовиќ за нивната намера да го отворат првиот објект на Старбакс во Црна Гора. Тој го информирал Абзовиќ дека се спроведуваат сите потребни процедури, пишува Пословни дневник.

Се наведува дека турските бизнисмени го информирале Абазовиќ за нивната петгодишна работа во Црна Гора, како и за амбициозниот инвестициски план во повеќе области, како што се банкарството и недвижностите.

Тој, како што се наведува, особено го истакнал значењето на доаѓањето на светските брендови како Старбакс на црногорскиот пазар, истакнувајќи дека Владата секогаш е подготвена да им помогне на странските инвеститори.