Мозаик 02.11.2018 15:57

Starbucks планира отвори 2.100 нови продавници следната година глобално ниво

Starbucks планира отвори 2.100 нови продавници следната година глобално ниво

Најголемиот ланец на кафетерии во светот, Starbucks планира да го прошири своето портфолио следната година за 2.100 нови продавници на глобално ниво. Starbucks во минатото тромесечје отвори 600 нови продавници и моментално има над 29.300 кафе – ресторани во светот, пишува CNN.

Само минатата година компанијата, со седиште во Сиетл, отвори 2.300 објекти. Еден од поголемите потфати на компанијата ја вклучува Кина, каде Starbucks има намера да го отвори
3.000 кафетерии во следните неколку години. Планот е до крајот на 2022 година таа бројка да достигне 6.000.

Приходите на компанијата во последниот квартал се зголемија на 6,3 милијарди долари, што е за 11% повеќе од истиот период минатата година.