Кој нема во домот фотографија од починати роднини или пријатели? Сите имаме. па се прашуваме, што е тогаш проблемот? Зошто не треба да се чуваат во куќата?
Во принцип, можете да ги чувате дома, но според упатените, само доколку почитувате одредени правила.
Фотографиите од починатите, ни се допаѓало нам тоа или не, се поврзани со светот на мртвите. Доколку една личност починала, сликата и понатаму ја држи поврзана со светот на живите.
Поради таа причина, советуваат да се следат следниве правила:
1.Сликите на покојните не смеат да бидат закачени на ѕид, да бидат во рамка или на маса. Значи не смеат да бидат постојано пред очи. Се верува дека ако се игнорира овој совет, сликата ја зема енергијата од живите луѓе. Доколку фотографиите се чуваат во албум, а вие повремено ги гледате со носталгија, се ќе биде во ред.
Меѓутоа, ако постојано ви се пред очи, наводно може да предизвикаат постепено влошување на физичката и на емотивната состојба.
2. Фотографиите на мртвите би требало да се чуваат одвоени од фотографиите на живите. Издвоите посебен албум за слики од починатите, каде исто така може да ги чувате и фотографиите на кои се измешани и живи и мртви лица.
Некои дури препорачуваат и сечење на ваквите фотографии, за да се одвои енергијата на живите од енергијата на мртвите.
Исто така, сликите од покојниците треба наводно да се чуваат бо албуми со црна боја или во црна кеса. Исто така се советува сликите од покојните да се гледаат само во денови кои се предвидени за просетување на мртвите.