Живот 18.09.2018 10:59

Стартува новата сезона во Лигата на шампионите

Стартува новата сезона во Лигата на шампионите

Вечерва со натпреварите во групите А, Б, Ц и Д ќе започне новата сезона во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во светот, Лигата на шампионите.

Титулата ја брани Реал Мадрид, екипа која последните три сезони се наоѓа на европскиот трон. Меѓу 32.тима кои се распоредени во осум групи, во елитната лига ќе дебитираат три тима Јанг Бојс, Хофенхајм и Црвена звезда.

Претенденти за тронот има многу, покрај Реал, тука се Барселона, Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ, Баерн Михен…

Инаку, новина од оваа сезона е што дуелите наместо во стандардното време 20:45 часот ќе се играат во два термини од 18:55 и 21:0 часот.

Новата сезона ќе биде отворена со натпреварите во Б-групата, на „Џузепе Меаца“ во Милано, Интер ќе го пречека Тотенхем, а на „Ноу Камп“, Барселона ќе игра против ПСВ Ајндховен.

Останатите шест натпревари се играат од 21 часот:

Група А:

Клуб Бриж-Борусија Дортмунд
Монако-Атлетико Мадрид

Група Ц:

Ливерпул-ПСЖ
Црвена звезда-Наполи

Група Д:

Шалке-Порто
Галатасарај-Локомотив Москва

Утре во терминот од 18:55 часот ќе се играат дуелите Ајакс-АЕК Атина во рамките на Е-групата и Шахтјор-Хофенхајм во Ф-групата.

Останатите дуели се од 21 часот:

Група Е:

Бенфика-Баерн Минхен

Група Ф:

Манчестер сити-Олимпик Лион

Група Г:

Викторија Плзен-ЦСКА Москва
Реал Мадрид-Рома

Група Х:

Јанг Бојс-Манчестер јунајтед
Валенсија-Јувентус.