Актуелно 22.11.2023 13:41

Статистика:Помалку превезени патници во патничкиот превоз во третиот квартал

Статистика:Помалку превезени патници во патничкиот превоз во третиот квартал

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 131 илјада во третото тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 2.5 %.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 6.6 %, во приградскиот превоз е зголемен за 0.5 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 3.1 %, а во меѓународниот превоз за 38.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри vво патниот патнички превоз е зголемен за 14.8 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4.2 %, во приградскиот превоз е намален за 5.4 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 9.7 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 23.5 %. ()