Актуелно 12.10.2018 18:35

Стевананџија: Јас немам мандат да поддржам промена на Устав, а немаат ниту сите 120 пратеници, вклучувајќи ги оние од СДСМ

Стевананџија: Јас немам мандат да поддржам промена на Устав, а немаат ниту сите 120 пратеници, вклучувајќи ги оние од СДСМ

Во своето обраќање тој потенцира дека сите 12о пратеници вклучувајќи ги и пратениците од СДСМ немаат мандат, немаат право да го менуваат името на Република Македонија , бидејќи тоа не ни е ветувано пред народот.

Имено пратеникот Стевананџија истакна дека на 30 септември народот одлуќи, но не се доволно 600.000 граѓани за да може да се смени Уставот на државата.

-Никој од моите колеги не го потенцираше полнењето кутии. Како е можно во 120 минути, односни на 4 секунди да гласа по еден гласач.Никој не потенцира како во 4 минути успееја гласачите да бидат наредени во колона и за 4 минути да се легитимираат со својата лична карта, да бидат најдени во избирачкиот списокот, да бидат прснати на палецот дека гласале, да одат позади паравнот , да гласаат да се вратат и да ја земаат својата лична карта.

Тој уште додаде и критика на самото прашање на референдумот кое било прашање каде со еден одоговор се одговарало на три прашања.