Актуелно 22.07.2020 15:47

Стоилковски: Моторот на Заев со кој се вози неконтролирано низ Македонија е во сопственост на градежна фирма на Заев

Стоилковски: Моторот на Заев со кој се вози неконтролирано низ Македонија е во сопственост на градежна фирма на Заев

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук вели дека

-До “Шуто и Рогато” меѓу кои се и цело СДСМ, оние од Правда и Јавните обвинители, судии, адвокатска комора, поранешните Чарлиевки…
По хаосот со изборите, лицето 33 се качи моторот и ви прати филмче како се вози низ Македонија без контрола, без раце на управувач.
Истиот мотор го возеше и како премиер, па дури се качи и на Крушево.
И сега како и до сега, никој од вас не отвори ЧИЈ е моторот со кој што се вози 33, притоа вон прописи и безбедносни стандарди го возеше и државен функционер- премиер на РМ?
Да скратам и потсетам, моторот е во сопственост на фирма на Заеви, Тотал инжинеринг!
И тука е најголемиот судир: како може за лични потреби, за одмор и рекреација, 33 премиерот и 33 приватно лице да вози службено возило на приватна фирма? Бидејќи ако е на фирма, тоа е службено, ако не се лажам, и се управува и треба да има напис “за службени потреби”? И 33 треба да е вработен и овластен во таа фирма за управување со возилото.
Или, во спротивно направена е тешка злоупотреба, за лична потреба направена е набавка преку фирма, а за тоа се одговара, освен ако не си 33 и негов близок, нели?
За на крај, Тотал инжинеринг, градежната фирмата на Заеви мора да образложи за какви потреби има мотор БМВ од неколку десетици илјади евра?
Моторот БМВ од моделот K 1600 GT/GTL Excl важи за еден од најексклузивните модел на пазарот.
Ги повикувам и оние од градежната комора, на пример да објаснат каква улога има ваков мотоцикл во работата?
Освен ако Тотал можеби нема амбиција да прерасне во “Пица Сервис”, ама и за тоа БМВ е “ту мач”!, стои во неговиот пост на Фејсбук.