Актуелно 15.04.2019 14:33

Стоилковски: Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон Силјановска

Стоилковски: Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон Силјановска

Навреди, омаловажувања по пол и возраст се само дел од недоличните напади на Стево Пендаровски и неговиот тим упатени директно кон кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Велат, логички у Бардовци треба да оди, и тоа е навреда упатена преку социјалната мрежа Фејсбук директно од шефот на изборниот штаб на Стево Пендаровски, Ѓорѓи Галетановски наречен Чомбе кон Гордана Силјановска Давкова, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Ваквиот коментар на Галетановски предизвика низа други навредливи коментари токму преку социјалните мрежи. Со ваквите коментари се омаловажува Силјановска и се дискредитира нејзината личност. Стево Пендаровски пак на телевизискиот дуел со Гордана Силјановска Давкова негираше дека било кој од неговиот тим ја навредувал Силјановска, очигледно играјќи на краткото паметење, и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Силјановска од било кој од неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот кој што му ја води пиар стратегијата за време на оваа кампања.“

-Господине Пендаровски очекуваме доследност во вашите ставови. Напуштете ја матрицата на Зоран Заев за негирање. Напуштете ја матрицата заевизмот, на се што кажувате и спроведете го тоа што го ветивте пред целата македонска јавност, а за што впрочем Ве потсетивме. Доколку и овој пат не го испочитувате вашето ветување само ќе потврдите дека вие и Заев сте 102,5% исти, потенцираше Стоилковски.