Актуелно 17.09.2020 17:50

Стоилковски: Субвенционирање на приватни компании за вработувања по етнички клуч е апсолутно неприфатливо

Стоилковски: Субвенционирање на приватни компании за вработувања по етнички клуч е апсолутно неприфатливо

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска на новинарско прашање „како ја коментирате изјавата на Вицепремиерот Артан Груби дека Владата ќе ги субвенционира вработувањата на албанските и другите етнички заедници во приватниот сектор, дали ова не е позитивна дискриминација, дали етничкиот клуч, а не квалитетот, ќе биде на некој начин влез за вработување?“, вели дека субвенционирање на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо.

-Субвенционирање на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо.Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат. Наместо политика на апартхејд, нека почнат да водат европски политики. Нека ги тргнат главите од тендери и пари, и нека гледаат да сработат барем нешто за граѓаните на Македонија, потенцира Стоилковски.