Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 за престојните парламентарните избори од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за листите на ВМРО-ДПМНЕ за престојните парламентарни избори и за тоа како се носи ВМРО-ДПМНЕ со лицата кои се најдоа на листите, што што го посочи следново:
„ВМРО-ДПМНЕ најголемиот притисок го издржа, го помина периодот наназад 2-3 години и нашиот лидер си остана на ставот дека не се кандидира, не е носител на ниту една изборна единица. Точно е тоа дека имаа 99% нови ликови на листите. За листата на СДСМ би го употребила зборот искомпроминтирани. Се надевам дека нема да има негативна кампања, но за мене негативна кампања е кога се измислуваат невистини за да се омаловажи противникот.“
Стојаноска во своето гостување порача дека ВМРО-ДПМНЕ е сигурен во победата, токму и затоа ја имаше таа партиска конвенција каде ги претстави кандидатите на листите за пратеници.
-Во вторникот потпишавме и договор со коалиционените партнери и сите заедно сме обединети во тоа најголемото зло што на Македонија што и се случи изминатиов период повеќе да не ја добие таа шанса, додаде Стојаноска.