Актуелно 12.12.2024 10:26

Стојаноска: За 100 дена Владата донесе четири нови странски инвестиции, а премиерот најави уште нови шест странски инвестиции

Стојаноска: За 100 дена Владата донесе четири нови странски инвестиции, а премиерот најави уште нови шест странски инвестиции

Во своето вчерашно гостување на поткастот „Претрес со Ландов“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска најпрво даде една ретроспектива на проектите кои во изминатите 5 месеци ги реализираше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата, а кои придонесоа за поткренување на економијата од нулта точка, па дури и од под нулата, каква што беше оставена од претходната власт.

„За 100 дена Влада донесовме 4 нови странски инвестиции коишто значат 1600 вработувања, Премиерот најави нови шест странски инвестиции коишто преведено во нови работни места се плус 2000 работни места, за првите 100 дена го реализиравме ветувањето за покачување на пензиите на пензионерите од 5000 денари во текот на првата година, а веќе 2500 денари се реализирани, го реализиравме и ветувањето за 250 милиони евра за општините“, вели Стојаноска.

Во овој контекст таа дополнува дека во меѓувреме исто така се случени и покачувања на платите, а истовремено се работи и на инфраструктурно реновирање на Универзитетот „Мајка Тереза“ и моментално се реновираат и два студентски домови.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, начека празен буџет, Македонски шуми, Македонски пошти и Железници беа без четиримесечни неисплатени плати, значи празен буџет, од 2017 до 2024 година потрошени се 30,5 милијарди евра буџетски пари. Ништо не е реализирано, нема тука Клинички нов центар, нема болница во Штип, во Кичево, во Битола, нема автопати“, прецизна е Стојаноска, осврнувајќи се и на актуелното прашање за Буџетот за 2025 година.

Според неа луѓето кои на заминување испразниле речиси половина и повеќе од тој буџет кој го предвиделе само за до избори, свесни дека ќе изгубат, сега е сосема беспредметно да се освестуваат и бараат покачување на плати, подобрување на условите за вработените во полиција, армија и здравство и да поднесуваат амандмани за локална инфраструктура.

„Беспредметно е луѓе коишто државава ја донесоа до долг од преку 8 милијарди евра, сега да зборуваат како ние расипнички сме трошеле и пазете тоа доаѓаше од Филипче. Филипче којшто го руинира здравството, Филипче којшто калкулираше со набавка на вакцини, а сега е лидер на СДСМ“, концизна е Стојаноска.