Актуелно 07.04.2020 12:59

Стојаноски: Сега е време да им помогнеме на вистинските херои

Стојаноски: Сега е време да им помогнеме на вистинските херои

Државата постои за граѓаните и Македонија во ниеден случај или вонредна околност таа улога не смее да ја заборави.

Македонија се соочува со сериозни предизвици пред се од аспект на здравствената заштита пред епидемијата.

Сега е време да им помогнеме на вистинските херои коишто секојдневно се на првата линија во борбата со вирусот, здравствените работници, докторите, полицијата, армијата.

Но, Македонија се соочува и со сериозен предизвик и од аспект на економијата. Сега е време за Македонија и за подадена рака за сите кои имаат мислење, предлог или идеја како да им се помогне на работниците да си го зачуваат работното место.

Време е за да се слушнат сите идеи како да се спасат бизнисите, малите и средни фирми.

Време е да се понуди помош како да има повеќе за наставниците и професорите, за медиумските работници, за администрацијата, за комуналните работници, културните работници, на оние во турустичкиот сектор, на занаетчиите, продавачите, пазарџиите, градежниците, на сите.

Време е кога мора да се најдат што подобри решенија за невработените лица, лицата во социјален ризик и на сите останати кои имаат потешкотии и во својата работа, но и проблем за обезбедување основна егзистенција.

Пoчитувани,

Приклучете се на иницијативата “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”.

Преку електронската пошта „zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk“ испратете ни ги вашите но и проблемите на соседот, испратете ни ги вашите мислења, идеи и предлози.

Тука сме да си помагаме еден со друг.

Од Вашите пораки, ќе произлезат заеднички решенија за полесно да пребродиме од кризите.

Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност. Во вакви времиња на криза народот мора да биде слушнат. Тука сме да разговараме и помагаме, да доаѓаме до решенија за сите работи кој што го мачат обичниот човек. ЗАТОА ШТО ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА!

Интегрален текст од изјава на Бојан Стојаноски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров