Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.042.841.060,00 денари.
Бруто дивидендата по акција ќе изнесува 117,00 денари.
Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 14.06.2018 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2018 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда ќе биде 13.06.2018 година
Исплатата на дивиденда ќе започне од 20.06.2018 година.
За фискалната 2016 година, Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка по оданочување во износ од 2.044.120.527,00 денари.