Банкарство 07.06.2023 11:07

Стопанска Банка АД Скопје огласи продажба на превземен имот: Се продаваат ниви, куќи, деловни простори…

Стопанска Банка АД Скопје огласи продажба на превземен имот: Се продаваат ниви, куќи, деловни простори…

Стопанска банка АД – Скопје информира дека ќе изврши продажба на превземен имот, при што рокот за доставување на понудите е 09.06.2023 година. Се продава следниот имот :

-Нива во Србица,Кичево, МВ Копач, Србица – вон Град со површина од 1.008м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
-Ниви во с.Враниште, Струга, 1/2 од нива 2ра класа со вкупна површина од 6994м2 мв.Долни Ливади и 1/2 од нива 3та класа со вкупна површина од 6819м2 мв. Јасенце за КО Враништа вон град за вкупна минимална/почетна цена од 5.000ЕУР;
-½ Нива во Ложани, Струга, м.в Краповица со вкупна површина од 5009м2, за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
-Ниви во с.Лабуништа, Струга класа 2 со површина од 2257м2 и 559м2 за вкупна минимална почетна цена од 2.000ЕУР;
-½ нива во с.Ложани, Струга, м.в. Ложани со вкупна површиан од 6830м2 за минимална/почетна цена од 2.000ЕУР;
-2(два) деловени простории во Скопје на ул.Луј Пастер бр.3 (Палата Македонија) во подрум со вкупна површина 38м2 за минимална/почетна цена од 21.000ЕУР,
-2(две) куќи во Битола на ул.Кленоец бр.67, запишани во ИЛ 12300 за КО Битола 3,со површина од 88м2(ПР+01),односно 28м2(ПР) за вкупна минимална/почетна цена од 17.000ЕУР,
-Куќа во Ресен на ул.Јосиф Јосифовски со вкупна површина од 162м2 (ПО+ПР+01) и идеален дел од земјиште 305/345 с вкупна површина од 353м2 за минимална/почетна цена од 32.000ЕУР,
-3(три) деловни простории-дуќани во Ресен (во трговскиот центар) на кат 01, секој со површина од 18м2 лоцирани еден до друг за вкупна минимална/почетна цена од 21.000ЕУР,
-Производен погон во Богданци co вкупна површина од 297м2 (ПР) за минимална/почетна цена од 59.000ЕУР,

Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот. Во цената на имотите под точка 1,2,3, 4, 5, 6, 9 и 10 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.

Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
-Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
-Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
-Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.

На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
-цената која се нуди за купување на недвижноста;
-согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
-согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 – МКД 113660111 со назнака: “депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба, појаснуваат од банката. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

Дополнителни информации можат да се добијат на телефон: 02/3295-487, 02/3295-283 , 02/3295-280.