Економија 01.10.2018 19:22

Стопанската комора бара да се намали акцизата на пиво

Стопанската комора бара да се намали акцизата на пиво

Стопанската комора на Македонија бара акцизата на пивото да се намали од четири на три денари за литар алкохолен степен, па наместо 32,5, да изнесува 24,4 евра.

Од Комората велат дека производството и продажбата на пиво во изминатите десет години бележи негативен тренд, а најголеми причини за тоа се токму зголемената акциза од 2013 година, но и воведувањето на лиценците за продажба на алкохол во 2008, како и временото ограничување на продажбата што до скоро беше во сила.