Актуелно 11.11.2019 12:29

Стопанствениците контра владата – Нема да има раст од 3, 8 %

Стопанствениците контра владата – Нема да има раст од 3, 8 %

Владата деновиве излезе со проекција на економскиот раст за 2020 година од 3, 8 до 4 % што за стопанствениците воопшто не е реална ниту остварлива.

Имено, голем дел од претприемачите велат дека 2020 година исто така ќе биде  тешка година за економијата како заради немањето на реформи ниту добра економска стратегија така и заради најавените парламентарни избори кои се закажани на пролет наредната година.

Така стопанствениците во нивните планови веќе ги имаат вкалкулирано сите овие фактори кои што според нив значат несигурност и претпазливо ги планираат нивните следни чекори така да идни инвестирања најверојатно ќе бидат одложени за некое идно време. Бизнисмените сметаат дека кај крупните проекти веќе има застој и дека тоа ќе продолжи и во наредниот период.

Критики за економската политика на владата доаѓаат како од бизнис секторот така и од експертската јавност . Така лани германските компании кои имаат инвестиции овде и фабрики ја оценија работата на владата со 0. Инаку владата пред да дојде на власт ветуваше раст од 5 % до крајот на мандатот но очигледно е дека македонската економија  е далеку од таа проекција.