Економија,Финансии 26.04.2018 11:51

Стопанство бара помали казни, а поефикасна админстрација

Стопанство бара помали казни, а поефикасна админстрација

Бизнисмените бараат двојно да се намалат казните и да не се менува често законската регулатива. Не се задоволни од администрацијата за која велет покрај што е селективна во спроведување на даночните формалности кон фирмите, но истовремено е и многу спора и неефикасна.

„Стопанската комора на Македонија во континуитет на своето делување ја критикувало администрацијата и таа е за критика, покрај нејзинината бројност и неефикасност, нестручност, партизираност, стите тие биле состојби на некаква перманенетна анализа на членките на комората  и комората како институција и ние тоа ќе продолжиме да го правиме. Ако за нас иднината е значајна работа за остварување на профитот и доблест на нашето работење кај администрцијата тоа е спороста во работењето. Тука мора да работиме во наредниот период да тоа се направи, таа паралелеа се приближи што повеќе, а посебно место тука имаат овие две институции.“ – изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Критиката од бизнис заедницата ја слушнаа првите луѓе на Управата за јавни приходи и Царинската управа, институции чие функционирање најмногу влијае врз работењето на компаниите. Директорите на УЈП и на Царина пак велат дека се отворени за сугестии од компаниите и најавија низа новини со кои треба да се олесни функционирањето на бизнисот во Македонија.

„Започнати се активности во делот на измени и дополнувања на законот за ддв во делот на реформата на владата за враќање на 15% ддв кај граѓаните.“ – изјави Сања Лукареска, директорка на УЈП.

Според анкетата направена од Стопанската комора на Македонија, 90 проценти од анкетираните компании бараат намалување на даночните казни, 45 проценти сметаат дека е потребна зголемена обука на даночната администрација, а 70 проценти бараат попрофесионален однос на цариниците на граничните премини Табановце и Блаце.