Финансии,Живот 25.08.2020 15:52

Стравичен тренд: Секој ден без работа остануваат над 250 Македонци

Стравичен тренд: Секој ден без работа остануваат над 250 Македонци

Од почетокот на коронакризата во Македонија секој ден над 250 граѓани го губат работното место.

Според истражувачкиот проект Рефлектор а врз основа на податоци од Заводот за вработување за пет месеци од април до 24 август бројот на луѓе што активно бараат работа е 36,362.

Предходно Рефлектор во Јуни објави дека во првите два месеци од почетокот на Ковид19 кризата (април и мај) без работа останале над 12 илјади луѓе што значи дека во јуни, јули и август во просек без работа остануваат околу 8000 луѓе.

Вкупната бројка на луѓе кои според Заводот за вработување активно бараат работа во земјава односно се сметаат за невработени е 144,094.

Со оглед на трендовите во туризмот, индустријата и услугите оваа бројка се очекува да се зголеми драматично во текот на есента и зимата.