Мозаик 01.11.2018 17:01

Стресот влијае врз функциите на мозокот и може да резултира со проблеми во меморијата

Стресот влијае врз функциите на мозокот и може да резултира со проблеми во меморијата

Континуирана изложеност на стрес може да резултира со проблеми во меморијата и намалување на волуменот на мозокот, се наведува во студија објавена во списанието Неуролоџи.

„Високо ниво на кортизол, хормон на стресот, влијае врз функциите на мозокот, големината на мозокот и ефектот постигнат на когнитивните тестови. Исто така откривме намалување на мозочната маса и губење на меморијата кај релативно млади луѓе, нагласува Џастин Ехоуфо Чеугуи од Медицинскиот факултет на Харвард.

Кортизолот е еден од клучните хормони кои му помагаат на телото да реагира на стрес. Во стресна ситуација, надбубрежната жлезда произведува повеќе кортизол, и ги ограничува функциите на телото кои би можеле да бидат попречени ако се најдеме во ситуација во која се бориме да живееме. Штом опасноста поминува, нивото на кортизол се намалува, а целиот систем на телото се враќа во нормала. Во спротивно, може да се појават главоболки, анксиозност, депресија, проблеми со срцето, како и проблеми со концентрација и меморија.

Високо ниво на хормонот на стрес може да биде рано предупредување дека лицето е склоно кон развој на деменција.

Како дел од истражувањето, истражувачите спровеле студија за повеќе од 2000 лица без деменција во просек 49 години.

„Истражувањето покажа дека кај средовечни луѓе, пред почетокот на деменцијата, мозокот се намалува и се собира. За да се спречи ова, важно е да се најде вистинскиот начин за намалување на стресот, наведува Џастин Ехоуфо Чеугуи.

„За намалувањето на стресот може да влијаеме со рано заминувања во кревет и умерено вежбање. Може да побарате од матичен лекар мерење на нивото на кортизол во крвта и, ако е многу високо, можете да добиете лекови кои го намалуваат.”