Актуелно 17.11.2019 17:42

Струмица пресликана во Македонија: Како станаа Заеви најбогати во Европа, а Македонија најсиромашната земја на Балканот и најкорумпирана во Европа

Струмица пресликана во Македонија: Како станаа Заеви најбогати во Европа, а Македонија најсиромашната земја на Балканот и најкорумпирана во Европа

Парите од тендерите во Струмица станаа пари на Заеви, а за избори се претвораа во пари за поткуп. Имаме влада без визија, без концепт и програма. Кај овие луѓе нема ниту идеологија, ниту кауза. Зошто тие имаат испраксирано еден па исти метод кој не е голема суштина, туку за да го применувате потребно е само да имате отсуство на морал и да немате проблем да си играте со човечки судбини, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обраќајќи се на 28 Годишна конференција на УМС.

Мицкоски рече дека владеењето на Зоран Заев во Струмица како градоначалник сега е пресликано во Македонија.

Тоа е владеење кое се потпира на две клучни карактеристики, притисок, купување и корумпирање на луѓе кои подоцна мисли дека се негови робови, затоа што мисли дека нему му должат. Заев кога стана градоначлник не пропушти буџетите, парите на граѓаните така прецизно да ги распредели на компаниите на братучедите, роднините и блиските пријатели. Се сеќавате на оние тендери кои во Струмица завршуваа кај бате, чиче и братучедите. Па така парите на народот станаа пари на семејството Заеви. Секогаш кога имаше избори дел од тие пари одеа за поткуп, корумпирање или решавање на ситни проблеми на притиснати од мака граѓани. Откако ќе прифатите, Заевци да ви ги дадат парите тогаш вие станувате нивни робови, а цената секогаш треба да се плати и таа е неколкукратно зголемена на денот на избори. Доколку не може вака да ве скршат или уценат, тука се притисоците и заканите. А во тоа се махери. Погледнете го случајот Рекет. Токму тоа што Заев со години го правеше во Струмица сега сака да го примени во цела Македонија. Без пардон, без скрупили. Онака голо, сурово. И затоа нема визија, нема концепт и нема програма, туку бесцелно талкање, ветување, лага, па извинување. Ако порано крмчеа буџет од 4 милиони евра во Струмица сега сакаат да си играат со буџет од близу 4 милијарди евра. Со парите на сите, без задршка. Неговата игра all in за Македонија е руски рулет каде влогот е нејзиното постоење и иднина. И така тие станаа најбогатото семејство на Балканот, а можеби во Европа, а Македонија најсиромашната земја на Балканот и најкорумпирана во Европа, рече Мицкоски.