Непрестануват мизерните услови во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу. Од почетокот на грејната сезона воопшто нема вклучено греење, а од четвртокот нема ниту топла вода.
Со оглед на тоа дека температурите паѓаат под нулата студентите се се повеќе загрижени за нечовечќите услови во кои живеат.
Во вакви услови невозможно е да спремаат испити за престојната зимска испитна сесија. Во 21 век владата дозволува младите луѓе да живеат во мизерија и само ги потикнува да бараат решение надвор од државата