Економија 20.11.2023 10:50

Судот во Германија спречи трансфер на неискористени милијарди во буџетот

Судот во Германија спречи трансфер на неискористени милијарди во буџетот

Одлуката на германскиот суд, кој избриша милијарди од федералниот буџет, може да го намали растот за дури половина процентен поен во најголемата европска економија, изјави за Ројтерс извор од Министерството за економија.

Владејачката коалиција сега ќе треба да најде начин да затвори голема дупка во нејзините финансии, откако судската одлука ја блокираше владата да префрли 60 милијарди евра неискористени средства за пандемијата на зелени иницијативи и поддршка на индустријата. Минатиот месец Министерството за економија прогнозираше раст од 1,3 отсто за следната година.

Судската одлука ги зголеми тензиите за владата на канцеларот Олаф Шолц, која доживеа пад на поддршката додека се бори со серија кризи и рецесија, пренесува РТ Балкан. ()