Економија 09.01.2019 23:53

Светската сила купи рекордно количество злато во 2018-та

Светската сила купи рекордно количество злато во 2018-та

Русија има во план 2018-та да ја комплетира со купени 300 тони, според извештајот на Светскиот совет на злато, објавен вчера кога во него ќе се додадат резултатите за декември со што ќе се комплетира целата мината година.

За првите 11 месеци од 2018-та година, земјата ги зголемила своите златни резерви за рекордни 263,9 тони, што е повеќе од количината стекната за целата 2017-та година, еднаква на 223,5 тони.

Купеното злато во 2015-та и 2016-та година исто така беше повеќе од 200 тони, односно 206 и 200,7 тони.

Во последните 10 години Русија ги зголеми резервите на злато за 1.583 тони, но сепак ја зазема петтата позиција меѓу земјите со најголеми резерви на злато.

Според последните податоци, резервите на земјата сега се 2.066 тони, 370 тони помалку од Франција која е на четвртото место.

Меѓу првите 3 земји со најголеми резерви на злато во светот се САД, Германија и Италија.

Потоа во рангирањето следат Русија, Кина, Швајцарија, Јапонија, Холандија и Индија.

Кои се другите големи купувачи во 2018-та година?

Турција и Казахстан купија 51 и 45 тони, додека Индија ги зголеми резервите за 33,9 тони.

Две држави блиски до нас беа исто така меѓу големите купувачи на овој благороден. Унгарија ги зголеми резерви на злато за 28,4 тони, а Полска купи 25,7 тони.

Повеќе од 10 тони е зголемување за Монголија, додека Аргентина купи 7 тони злато во првите 11 месеци од 2018-та година.

Опаѓање е пријавено во Австралија, Германија и Шри Ланка.

Светските резерви на злато денес се проценети на 33.872 тони, а земјите од еврозоната, вклучувајќи ја и ЕЦБ, имаат 10.778 тони.