Актуелно 26.05.2020 13:59

СЗО го демантира Заев: Ако брзо се укинат мерките, земјите може да се соочат со “втор бран“ на коронавирус

СЗО го демантира Заев: Ако брзо се укинат мерките, земјите може да се соочат со “втор бран“ на коронавирус

Светската здравствена организација предупредува дека земјите би можеле да се соочат со „втор бран“ ако пребрзуваат со укинувањето на мерките против Ковид-19.

Повеќе од 5,5 милиони потврдени случаи на коронавирус и 346,000 смртни случаи се регистрирани ширум светот. Светската здравствена организација соопшти и дека привремено ќе го изостави анти-маларискиот лек, хидроксихлорокин, од својата глобална студија за третман на Ковид-19.

СЗО изјави дека го прави тоа затоа што нејзините експерти треба да ги разгледаат сите расположиви докази.

Додека Светската здравствена организација предупредува дека избрзани одлуки може да донесат вакви последици, на екс-премиерот Зоран Заев му се брза. Тој го убедува народот дека избори на 21-ви јуни мора да се одржат.

Така, тој бара олабавување на мерките само за да може да го изведе народот до гласачките места и со тоа директно да го стави во ризик нивното здравје.

Ако тоа се реализира, според предупредувањата на СЗО, Македонија е под закана од втор бран на епидемијата на коронавирус.