Актуелно 12.03.2019 13:59

„Т.Н.Т”: Вешто лице тврди дека инвеститорот “ФИНЕ” градел спротивно на одобрениот проект

„Т.Н.Т”: Вешто лице тврди дека инвеститорот “ФИНЕ” градел спротивно на одобрениот проект

Во кривичен денеска со сослушување на вешти лица, продолжи јавната расправа за случајот на СЈО, “Т.Н.Т” или “Космос”. Техничкиот советник од областа на геодезијата Роска Паческа, ги коментираше техничките наоди и мислења од документацијата за станбено-деловниот објект “Космос”.

Таа направила анализа на сите мерења и дошла до заклучок дека согласно сите изготвени елаборати од фирмите, објектот бил повисок за 1.43 метри од приземната плоча. Паческа пред судот изјави дека во време на рушењето на објектот “Космос”, истиот наместо три, имал две подземни нивоа.

-По основниот одобрен проект за градба, дозволени се три подземни нивоа. Обврзувачки и непроменливи се три апсолутни коти: на улицата, на тротоарот и на приземјето. Инвеститорот мора да гради согласно техничката документација која е заверена и одобрена, во случајов “ФИНЕ” имал кај себе чисти и валидни проекти пред да ја започне градбата, и морал да се придржува стриктно до трите коти. Но, подоцна во текот на градбата инвеститорот не се придржувал до проектот”, рече Роска Паческа.