Актуелно 21.03.2021 22:55

ТАГА ДО НЕБО: Денеска ненадејно почина младата Верица Зафироска- самохрана мајка на 3 мали деца

ТАГА ДО НЕБО: Денеска ненадејно почина младата Верица Зафироска- самохрана мајка на 3 мали деца

Бог да ја прости Verica Zafiroska (1983 – 2021). Самохрана мајка на 3 мали деца, жена – борец, наставничка, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Теарце.

Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица.

До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 – 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца.

Почина денес, попладнево, на само 38 години. Ненадејно и одеднаш, во својот дом во Тетово. Пред 2 – 3 месеци преживеа ковид.

Непотврдено, починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите. Голема, огромна трагедија и загуба. Затоа чувајте се луѓе, затоа што премногу луѓе загубивме. Премногу млади луѓе заминаа.

Верица силно, силно ја сакаше Македонија. Беше голем борец и активист на Унија на жени ОК Теарце и Вмро Дпмне Ок Теарце. Ми беше чест што ја познавам долги години.

Сите ја почитувавме. Сочувство до некзинито семејство и до најблиските. Вечна и’ слава.

Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе.

ФБ статус на Влатко Ѓорчев

Бог да ја прости Verica Zafiroska (1983 – 2021). Самохрана мајка на 3 мали деца, жена – борец, наставничка,…

Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Sunday, March 21, 2021