Актуелно 06.12.2018 19:48

Таравари: За мене како лекар јавно приватно партнерство е скандал, граѓаните бараат квалитетно јавно здравство

Таравари: За мене како лекар јавно приватно партнерство е скандал, граѓаните бараат квалитетно јавно здравство

Екс министерот за здравство и докторот Арбен Таравари за тв 24 вели дека оваа одлука за него претставува скандал.

„Јас во последната година не гледам никаков напредок во јавното здравство. Луѓето бараат убаво и квалитетно јавно здравство. Впрочем ако видите и во бившите југословенски републики, во Србија, во Хрватска, во Словенија, во Босна и Херцеговина, ќе видите дека сите политики на сите влади, зборувам за здравствени политики, се сконцентрирани како да се подобрат условите во јавното здравство. Приватното нека си функционира, меѓутоа јавното да го направиш јавно-приватно партнерство за мене како лекар е скандал.“- изјави Таравари.

За поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец пак, пак моделот на ЈПП може да значи подобри услови за лекување на пациентите.

„Ако цените за Фондот се подобри не гледам ништо лошо во сето тоа. Ако ги исполнува некои стандарди и услови што треба да ги има, тоа може и во други области на пример имате конкретно во мојата сфера на делување, овде имам повеќе современи технологии и ако таа интервенција би била подобра за луѓето не гледам зошто да не би можел Фондот да го наплати. Треба да се гледа што е интересот на пациентите, фондот треба да ги брани интересите на осигурениците, а министерството да го организира здравството. Пари кои се потрошени здраво и имаат полн ефект во смисла на излекување на пациентот, дали ќе бидат потрошени во ова или во она здравство по мене не е тоа толку битно – битно е дека пациентот треба да биде излекуван“- изјави Оровчанец.