Актуелно 26.03.2019 11:24

Таткото на избоденото момче обвинува за непрофесионална истрага

Таткото на избоденото момче обвинува за непрофесионална истрага

Таткото на момчето кое со нож беше прободеното во саботата во дискотека од страна на двајца синови на висок функционер вработен во МВР се огласи преку својот Фејсбук профил.

Гоце Филиповски обвинува за непрофесионална истрага од страна на полицијата.

-Што мислите зошто сведоците на настанот во кој беше прободен мојот син Филип побарале од екипата на 24Вести да им бидат сокриени ликовите? што мислите зошто никој од сведоците што го имаат видено настанот, за што добивам информации, притоа молејќи да не бидат спомнати во истрагата нивните имиња, зошто се плашат? Знаат момчињата, другарите на Филип за какви луѓе станува збор и што може и ним да им се случи и се затоа што институциите надлежни да го чуваат мирот во државата, не можат да се справат со таквите локални банди кои тероризираат со децении, напиша тој.

-Повредите за кои зборува таткото на сторителите не се добиени во тепачкаа со син ми затоа што тепачка немало. Филип не знае да се тепа, не знае да удри некого ниту пак тоа го направил некогаш. Тој е на овој свет да помогне секаде каде се може, така е воспитан за разлика од сторителите кои ако ги погледнете нивните фотографии на ФБ за кои ми рекоа дека се избришани ќе видите фотографии со пушки, пиштоли, ножеви. Зашто никаде официјално не беше споменато дека истите сторители во обид да побегнат на 10 тина метри од локалот прават сообраќајка со нивното возило „Рен“ кое кога јас пристигнав беше на местото каде што останало до 8 часот изутрина, видно оштетено, а на местото имаше полициски службеници. Зашто не беше и возилото однесено на вештачење, сигурен сум дека во него има траги од крв и доколку се повредени извршителите,а што не е наведено во полицискиот записник, повредите им се од сударот со друго возило, пишува таткото на прободеното момче.