Актуелно 10.05.2018 12:38

ТЕ-ТО ќе оди во стечај?

ТЕ-ТО ќе оди во стечај?

Отворена е предстечајна постапка за ТЕ-ТО, друштвото за производство на електрична и топлинска енергија. До Централниот регистар е доставено решение од Основниот суд Скопје 2 со кое се поведува постапка за испитување на условите за отворање стечај. Има и план за реорганизација на компанијата, а за привремен стечаен управеник е назначен Маринко Саздовски. Постапката се поведува поради тоа што ТЕ-ТО е голем должник.

Судот одредил и општа забрана за располагање со целокупниот недвижен имот. Раководството во оваа ситуација не смее да презема какви било правни дејствија, но и оттуѓување, склучување нови договори. Не смее да се вршат нови исплати и уплати освен тие со редовната активност. Во времето на предстечајната постапка стечајниот управник треба да направи ивид и контрола во сета документација.

За овој опредлог за отворање на стечајна постапка е закажано рочиште на 5 јуни годинава. По тоа ќе се знае дали ќе биде отворена и стечајна постапка.ТЕ-ТО има финансиски проблеми веќе неколку години.

 

Извор: Фактор