Од денеска до 24 јули се поднесува пријавите за Данокот на додадена вредност ( образец ДДВ – 04), соопшти Управата за јавни приходи.
Од УЈП ги повикуваат фирмите да го искористат раното поднесување на пријавата со што обврзниците порано и ќе дознаат дали пријавата е примена, и обработена без грешки, ќе го платат данокот и порано ќе можт да побараат враќање на ДДВ.
– Рокот од 30 дена за враќање на ДДВ почнува да тече од денот кога сте го доставиле образецот со искажаното барање за враќање – велат од УЈП.
Оттаму додаваат дека во рокот очекуваат 40.509 пријави за ДДВ.