За да остварувате приход и профит во Вашиот бизнис Вие морате да ги продавате (реализирате) Вашите производи/услуги. Продажбата е однос помеѓу Вас како продавач и купувачот. Обично кога ќе речеме продажба мислиме дека тоа е однос каде ние треба нешто на сила да продадеме, или да го убедиме купувачот да го купи нашиот производ/услуга, или да земеме пари од него.
„Продажбата е процес на давање на поволни информации и емоции на купувачот, за да ја донесе одлука за купување, без разлика дали ќе купи или не.“ (Рон Мартин).
Значи покрај давање на поволни информации на купувачот, главната цел на продажбатa е да се увери купувачот што ќе резултира со негова одлука да се купи одреден производ/услуга.
Во услови кога не сте сами на пазарот, веќе секојдневно сте соочени со конкуренција, Вие сте принудени да ја унапредувате продажбата не само поради зголемувањето на профитот туку и поради самиот опстанок на пазарот.
Во зависност од тоа кои се Вашите купувачи (правни лица или физички лица) Вие ќе морате да креирате низа мерки и техники за да ја зголемите и подобрите продажбата. Исто така за да примените одредена мерка за унапредување на продажбата вие морате да комуницирате со Вашите потрошувачи.
За да се реализира успешна продажба Вие морате да создадете ситуација каде секој победува. Тоа значи дека Вие треба да создадете ситуација каде во исто време ќе имате задоволен купувач и остварена заработка за претпријатието.
Подобрувајте ги секојдневно вашите техники за продажба, изнаоѓајте нови начини како да го сторите тоа на најдобар начин, привлечете клиенти и комуницирајте со нив, се со цел да остварите одлична продажба