Ако се земе во предвид фактот дека телефонот е во употреба долго време, начинот на кој што од многумина е користен би не натерал да помислиме дека е создаден вчера. Телефонските разговори доаѓаат до израз кај луѓето кои се занимаваат со продажба.
Кога не можете да се ракувате или да погледнете некого во очи, вие треба со својот глас и зборови да оставите впечаток на способен и сигурен продавач.
На жалост, многумина не се свесни дека преку телефонска жица звучат смешно, налик на робот, премногу или премалку зборуваат, и изговараат зборови кои имаат смисла само во комбинација со гестикулација. Малкумина знаат да го искористат својот глас и да ги изберат вистинските зборови во тек на телефонски разговор. За тоа да се поправи треба да се придржувате кон 5 правила:
1. Неутрализирајте ги вербалните слабости
Со дозвола на соговорникот снимете го разговорот и проучете го Вашиот говор. Луѓето многу често повторуваат зборови, како „значи“, „знаеш“, „да“, „не“ итн. Во текот на разговорот никогаш не користете дијалект од одредена област, а тоа е со цел да му се допаднете на соговорникот и секако тој да ве разбере.
2. Секогаш имајте план за што ќе разговарате
Не водете телефонски разговор, доколку не знате што сакате да постигнете со истиот. Прво, нема да го добиете целосното внимание од соговорникот, а второ не можете да дадете јасна порака.
3. Слушајте го соговорникот
Во текот на разговорот поголем е бројот на луѓето кои не го слушаат воопшто разговорот. Тоа е лошо, бидејќи не можете да навлезете во сржта на проблемот.
4. Направете пауза пред да одговорите
Пред да дадете одговор, направете пауза од неколку секунди. Соговорникот ќе сфати дека сте го слушале и дека му го вреднувате мислењето.
5.Слушајте се себеси
Во текот на разговорот, слушајте се што зборувате. Многумина размислуваат повеќе за тоа што ќе им биде одговорено.