Актуелно 22.11.2018 10:45

Телма анкета: ВМРО-ДПМНЕ води кај Македонците, СДСМ стана најпопуларна партија кај Албанците

Телма анкета: ВМРО-ДПМНЕ води кај Македонците, СДСМ стана најпопуларна партија кај Албанците

До неодамна ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кај Македонците беа изедначени, сега разликата е 5 проценти во полза на ВМРО-ДПМНЕ, ова во вечерашната емисија „Топ Тема“ го истакна Атанас Кировски.

-Тоа значи дека има сепак добар дел од Македонците кои што се разочарани од компромисот со Грција и сметаат дека се предадени некакви национални интереси. Второ има незадоволни и заради одредени најави за пазарење и за ради одредени даночни политики за кои што граѓаните не се согласуваат и тоа се рефлектира на тие рејтинзи, потенцира Кировски.

Тој додава дека огромен е бројот на Македонци кои што се разочарани од сите овие политички процеси и пазарења и таа бројка изнесува дури 26 проценти од етничките Македонци кои рекле дека нема да гласаат за ниту една партија.