За Чадиковски гласале 86 новинари и медиумски работници, што е за девет повеќе од вториот кандидат новинарот Столе Наумов, кој добил 77 гласа.
Интересно е од вкупно 555 членови на Здружението денеска биле присутни само 175, а на пет дена пред изборот, било забрането обновувањето на членството за новинарите иако такво нешто не е предвидено во Статутот. Управниот Одбор гласал по телефон за ваквата одлука на што имаше реакции дека одлуката е нелегитимна.
Иако се бараше одоложување на изборното собрание, досегашниот преседател Насер Селмани тоа не го дозволил. Не можеле да гласаат ниту членовите кои имале платено членство за наредните две години ама не се регистриртале до 13 часот како што барал Селмани.
За разлика од изборот на Чадиковски, Селмани во првиот мандат беше избран во демократска атмосфера со право на глас за сите кои ќе се пријават, и на денот на гласање добиваа и членски книшки за да можат да го заокружат кандидатот