Додека заменикот министер за животна средина се правда и не гледа конфликт за интереси неговата сопруга се вброи во листата на земали државни тендери.
Дел од медиумите пренесуваат дека сопругата на Макрадули е еден од сопстевниците на фирмата „Опен мајнд солушнс“.
Токму таа фирма добила 90 илјади евра за државни тендери од неколку институци.
Според заменикот министер за животна средина овде немало конфликт на интереси бидејќи Министерството за животна средина не соработува со фирмата на неговата сопруга а како што вели Макрадули некој се обидува на злонамерен начин да го дискредитира.
И додека државата уште нема антикорупциска комисија тендерските зделки како примерот повеќе стануваат се почести.
Извор: Фактор