Економија 02.07.2018 13:20

„Тесла“ има свој рекорд – 5.000 возила за една недела

„Тесла“ има свој рекорд – 5.000 возила за една недела

Автокомпанијата „Тесла“ го зголемила производството на моделот 3 на 5.000 возила неделно, што претставува рекорд за оваа фабрика.. Основачот на „Тесла“, Илон Маск им задал краен рок на менаџерите во фабриката да направат 5.000 автомобили до крајот на викендот, по што изјави дека „Тесла“ конечно станува вистинска автомобилска фабрика, иако е неизвесно дали компанијата може да го одржи ова темпо на производство, пренесе МИА.

Уште во јануари „Тесла“ најави дека си поставила цел до средината на годината да почне да произведува по 5.000 модел 3 автомобили неделно.