Сè поретко кај нас има тетовски грав. Овде гледаме шест или седум видови грав, но сите се од увоз. Производителите велат дека причина за недостигот на грав во Тетово, кој е и заштитен од државата е недостигот на државна помош, но и недостигот на работна сила. И оној мал дел тетовски грав што го среќаваме во маркетите се продава по најмалку 500 денари за килограм, а тоа веќе не е достапна цена за купување за едно семејство.
„400-500 денари е нашиот добар грав, но има луѓе кои продаваат за 200 или 300 денари, но за купување е проблем. Проблемот е во парите.“
„Во моментов нема пари, криза е. 400 денари е прескапо, можеш да купиш месо за толку.“
„400 денари е сумата за тетовски грав, но нема пари за купување. Купуваме половина килограм и толку. Луѓето не можат да го купат“, велат жителите.
Ако некогаш Тетово произведуваше грав за извоз денес е проблем да се најдат и 5 килограми за по дома, вели Ѓуре Анѓелковски од Милетино, кој од 1968 година собирал грав во Полошко и го продавал на Запад.
„Нема грав бидејќи не се сади, нема кој да работи, луѓето избегаа во странство, не можете да живеете тука без плата. Државата не ни помага, повеќе зема отколку што дава“, вели Ѓуре Анѓелкоски, жител на Милетино.
Одгледувачите велат дека покрај недостигот на работна сила, во намалувањето на количините влијаат и климатските промени. Тетовскиот грав е заштитен во Државниот завод за индустриска сопственост, каде е означено местото на производство и неговите карактеристики.