Актуелно,Економија 21.06.2019 18:32

Тевдовски се пофали со нов долг од 420 милиони долари

Тевдовски се пофали со нов долг од 420 милиони долари

Министерот за финансии Тевдовски денеска се пофали дека заеми од 420 милиони долари ќе земе земјава од Светска банка во наредните четири години.

Тој тврди дека овие кредити се веќе влезени во плановите за задолжување наведени во последната Фискална стратегија.

Според Стратегијата, идната година јавниот долг на земјава треба да достигне 52,3 отсто.

Власта уверува дека новите кредити ќе бидат со поволна камата, иако не се соопштува висината на истата, а ниту пак се соопштени проектите за кои што ќе бидат наменети овие средства.